Порано, во времето кога во Јапонија владеел феудализмот, на чело на целата земја стоел Император, но тој не бил ништо повеќе од марионетка во рацете на семоќниот Шогун, кој имал целосна контрола над сета војска во царството. Иако тоа било време на ужасни трагедии, многу малку се знае за нив: луѓето биле толку исплашени и неуки што речиси никогаш не се осмелувале да ги запишуваат несреќите. Затоа, ретки се приказните што успеале да се протнат низ тесните врвици на вековите за да се прераскажуваат и под светлото на денешниот ден. Една од овие трагедии се случила за време на владеењето на првиот шогун, славниот Јоритомо од кланот Минамото. Имено, Владетелот имал обичај секое утро да се шета пред својот нов дворец во Камакура и со строг поглед да ги набљудува своите седумдесет и девет самураи. Тоа биле најхрабрите воини од царството, и деноноќно стоеле наредени крај портите од дворецот, задолжени за личната безбедност на Великиот Шогун. |
Едно утро, додека Возвишениот се шетал по тревникот, некое невнимателно врапче летајќи испуштило измет точно на неговото лево рамо. Недопирливиот ништо не забележал, но, за несреќа, незгодата им паднала во очи на самураите, кога Семоќниот минувал пред нив. Секако, никој од воините не се осмелил ни да трепне со око, а камо ли да помисли да му ја предочи непријатноста на Велелепниот.
Ситната незгода сигурно ќе била брзо заборавена, но, поради којзнае чив пропуст, Пресветлиот и следниот ден се појавил со истата дамка на раменото. Храбрите самураи, секако, одново премолчиле.
Ни третиот ден не се сменило ништо, со исклучок на нејасниот сомнеж што се појавил кај смелите воини.
Четвртиот ден, Водачот одново се појавил со истата дамка на раменото, а сомнежот кај самураите почнал да станува немир. Таа ноќ ниеден од нив не успеал да склопи око.
Ни петтиот ден ништо не се сменило, а ни шестиот... Самураите сега биле веќе сериозно загрижени, почнале дури и да се гледаат со недоверба, да се цепкаат во малечки групи, да шепотат... Секому му се чинело дека другите знаат нешто повеќе. Ноќе се плашеле, а дење биле истоштени од несоница.
Трагедијата се случила седмото утро, кога еден од најценетите воини на Баснословниот се појавил на служба со измет на раменото, кој сосем наликувал на дамката на Единствениот. Единствената разлика била во тоа што неговото одличје било од десната страна.
Веќе преплашените самураи ја забележале злокобната новост, и премреле од страв. Многумина од нив помислиле дека ова е тестот што им се подготвувал, а најисплашениот од нив не издржал и се срушил на колена пред самурајот со дамка на раменото. Сите други самураи со ужас во очите ја гледале сцената. Во бунило, и тие се срушиле на колена пред соборецот кој бил одликуван со измет од врабец.
Самурајот со гомце на рамото вџашен гледал во своите другари. Се чувствувал како некој да му ги потсекол нозете, но со така остра катана што тој не можел да не се задржи на нив.
Шогунот Јоритомо, пак, кој оддалеку ја следел страшната сцена, за прв пат во животот се прашал дали дошол крајот. Сепак, успеал да остане прибран, да избега и да делува лукаво.
Седумдесет и деветте самураи биле опколени, погубени и закопани истиот ден, а жителите на Камакура и ден денес со страв се сеќаваат на оваа несреќа.